Вести
Вторник Септември 23, 2025

Вести

Инспекцискиот Сoвет заедно со инспекциксите служби, Министерство за информатичко општество и администрација, меѓународнини донатори и секако со директна поддршка од Владата и Вицепремиерот Николовски  интензивно работеше на разивање на системот е-инспектор со кој треба да се поддржат сите активности од постапките во инспекциските служби, да се дигитализира работа на инспекторите и да се обезбеди директен електронски пристап до податоците кои се неопходни во инспекциската постапка од различни државни инситуции , како на пример Централен регистар, Агенција за вработуваљње , Царинска управа.

Со  дигитализацијата на  инспекциската постапка всушност се воведуваат новини особено во фазата на  планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматко генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат  од оваа постапка.

nikoloski

За да може сето ова да функцинира беше неопходно да се изготват голем број на документи кои произледуваат од Законот за инспекциаки надзор а тоа се:

– повеќе од 200 Листи за проверка ( Чек листи) кои задолжително ќе се користат при редовните надзори, како и

– 28 Методологиите за процена на ризик ,  во кои се утврдени критериумите за определнување на степенот на ризик на субјектите на надзор во однос на почитување / непочитување на законските обврски.

На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и ниско ризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите.

Директоркатана Државен пазарен инспекторат м-р Анета Симеска Димоска одржа работна средба со Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски и Претседателотна Синдикалната организација при Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Зоран Димитријоски, накоја разговараа за повеќе актуелни прашања.

Во просториите на Царинската управа денес се одржа состанок со Државниот пазарен инспекторат. На состанокот беа разгледани практичните аспекти за размена на податоци и информации за ефикасни контроли, како и протоколот за соработка при вршење на заеднички контроли при увоз на масло за горење-мазут.

На иницијатива на Извршната директорка на Сојузот на Стопанските комори на Македонија, вчера (07.09.2021 година) во просториите на Државниот пазарен инспекторат се одржа средба помеѓу В.Д. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска и Извршниот директор на Сојузот на Стопански комори на Македонија, Христина Стојановиќ.

На средбата се разменија информации за работењето на Сојузот на стопански комори на Македонија и Државниот пазарен инспекторат секоја од свој  домен на надлежност и во насока на идна соработка од заеднички интерес беа разгледани можности на мерки и активности кои ќе бидат превземени, а со цел да се влијае на унапредување на деловното опкружување и бизнис климата во државата како и за намалување на сивата економија и подобрување на конкурентноста.

2

Како институција која е надлежна за надзор по многу Закони од облата на трговијата , услугите и производството од страна на директорката на ДПИ беше  истакнато дека нашата интенција е да  бидеме отворени за соработка кон компаниите и да она што ни е примарна цел ,-почитување на законската регулатива ,  да ја оствариме со спроведување на начелото на превентивност во нашето постапување. Воедно беа договорени и конкретни активности кои ќе бидат организирани од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, а на кои ќе земе учество и Државниот пазарен инспекторат со свои претставници.

img 6

Денес се одржа координативен состанок на В.Д. Директорката на Државен пазарен инспекторат м-р Анета Симеска Димоска и Министерот за економија Г-динот Крешник Бектеши, а во врска со измената на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID 19.

Министерот беше информиран за досегашните мерки и активности кои се превземени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а кои се во рамките на неговата надлежност, а воедно беше презентиран и планот на активности во периодот по 15-ти Август кога новите времени мерки ќе започнат да се применуваат.

На средбата се дискутираше и за проблемите и предизвиците со кои се соочува Државниот пазарен инспекторат, како и за можностите за нивно надминување.

Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд во периодот од 29.07 до 02.08 2021 година имаше засилени контроли на територијата на Охрид како туристичко место каде имаше поголема концентрација на луѓе но и каде беа организирани повеќе настани на отворено.

Извршени се вкупно 21 инспекциски надзор во угостителски објекти и на настани кои беа организирани на отворен простор.


При инспекциските надзори издадени се вкупно 28 прекршочни платни налози во вкупен износ од 43 100 евра во денарска противвредност.


Издадени се вкупно 14 решенија од кои 3 се со изрекување на опомена а со 11 решенија изречена е мерка за привремена забрана за вршење на дејноста, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести .


Државниот пазарен инспекторат во континуитет ќе продолжи со вршење на инспекциски надзори со засилено темпо.

Јавен повик за ангажирање на волонтери

Превземи PDF

На работниот состанок, одржан на ден 14.07.2021 година во Инспекцискиот совет, меѓу претставници на Инспекцискиот совет, Државниот пазарен инспекторат, Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд се разговараше за дигитализацијата и автоматизацијата на инспекциската постапка и работењето на инспекциските служби.

217322894 361736418799885 7952890289499504632 n

Институциите се заложија за интензивна меѓусебна соработка, со цел обезбедување на потребните технички средства за отпочнување на примена на пилот софтверското решение за вршење на инспекциски надзор

.

Нашиот нов предизвик во периодот што предстои ќе биде зајакнување на контролата врз е-трговијата. “, вели в.д. Директорот на ДПИ Анета Симеска-Димоска.

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација