Вести
Сабота Мај 16, 2026

Вести

Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата склучија Меморандум за соработка.

Целта на Меморандумот е соработка помеѓу Инспекторатот и Комисијата во делот на спроведување контроли поврзани со примената на Законот за забрана на нефер трговски практики. Надлежноста над Законот е во целост на Комисијата, а Пазарниот инспекторат ќе соработува советодавно во делот на практично спроведување на контролите од страна на Комисијата.

Двете страни изразија подготвеност за соработка преку постојана размена на податоци, информирање за поведување постапки, како и прибавување податоци.

Пазарниот инспекторат и во иднина ќе соработува со институциите, како би се спровела доследна и фер примена на законите.

475782451 122112136502700479 2135861769122702595 n

Од вчера пазарниот инспекторат е на терен низ цела Македонија и врши контроли кај добавувачите, производителите и маркетите. Мониторинг на цените се спроведува кај производите кои се дел од Новогодишната кошница, но дополнително и кај одредени основни прехранбени производи кои не се дел од кошничката.

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите) е утврдено дека цените на производите од Новогодишната кошница се намалени за 10%, но се додадени и околу 30 нови производи (млеко и млечни производи, месо и месни производи, масло и јајца) каде се бележи намалување од 10% до 20%.  Во месец ноември постоело зголемување на цените на основните прехранбени производи, но со започнувањето на акцијата „Новогодишна кошница„ постигнато е нивно стабилизирање и намалување.

Трговците на мало (маркетите) генерално се придржуваат до акцијата за намалување на основните прехранбени производи, а констатирани се ситни забелешки во однос на обележување на цените и самите цени, што по изречените опомени беа коригирани и отстранети.

Кај добавувачите и производителите односно трговците на големо контролите се во тек, а по нивно завршување ќе ја информираме јавноста за утврдената фактичка состојба.

470223785 122107338386663521 6915414964479446255 n

Државниот пазарен инспекторат е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци. Контролите се  спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите.

Целта е да се направи мониторинг и анализи и да се утврди дали постои нелогично зголемување на цените кај одредени производи. По завршување, анализите ќе бидат испратени до Министерството за економија и труд, со што ќе се одлучи за преземање на понатамошни мерки.

Апелираме до сите трговци, да се придржуваат до акцијата и да не го надоместуваат намалувањето на цените на производите од кошницата со зголемување на други прехранбени производи. Свесни сме дека за дел од производите станува збор за берзански производи и дека оттаму доаѓа и промената на цените, но сепак сметаме дека може да се најде најповолно решение и за трговците и за граѓаните. Доколку трговците и понатаму продолжат со нелогично зголемување на цените, односно не ги намалат на цените маслото, јајцата, месото и месните производи, млекото и млечните производи  ќе предложиме Владата да донесе Одлука со која ќе мора да се намалат цените.

Доколку забележат неправилност, граѓаните да пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk

470223785 122107338386663521 6915414964479446255 n

Во период од 09.12 до 15.12.2024 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 514 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 97 прекршочни платни налози во вредност од над 3,350,000 денари, односно по :

-Закон за заштита од пушење извршени се 46 надзори и издадени се 2 прекршочни платни налози;

-Закон за угостителска дејност извршени се 52 надзори и издадени се 12 прекршочни платни налози;

-Закон за заштита на потрошувачите извршени се 46 надзори и издадени се 4 прекршочни платни налози;

-Закон за занаетчиска дејност извршени се 44 надзори и не се издадени прекршочни платни налози;

-Закон за финансиска дисциплина извршени се 190 надзори и издаден е 71 прекршочен платен налог;

-Закон за трговија извршени се 108 надзори и издадени се 7 прекршочни платни налози ;

-Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 13 надзори и издаден е еден прекршочен платен налог.

Изречени се 40 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.

При вршење на надзори по Законот за општа безбедност на производите и Законот за технички барања за производите и оцена на сообразност, Пазарниот инспекторат во согласност со општите стандарди за безбедност на производите издаде забрана за пуштање во промет на новогодишни украси и заштитни детски кациги за велосипеди кај одредени трговци.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

dpi logo for fb

Во период од 01.12 до 08.12.2024 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 578 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 125 прекршочни платниналози во вредност од над 4,530,000 денари, односно по :

-Закон за заштита од пушење извршени се 132 надзории издадени се 6 прекршочни платни налози;

-Закон за угостителска дејност извршени се 56 надзори и издадени се14 прекршочни платни налози;

-Закон за финансиска дисциплина извршени се 193 надзори и издадени се 97 прекршочни платни налози;

-Закон за трговија извршени се 90 надзори и издаден е 1 прекршочен платен налог.

Изречени се 42 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности.

Пазарниот инспекторат постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

dpi logo for fb

Во месец ноември 2024 година на територија на Македонија, Државниот пазарен инспекторат изврши 2386 надзори. За време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени 370 прекршочни платни налози во вредност од над 15,500,000 денари, односно по:

Закон за трговија извршени се 570 надзори и издадени се 9 прекршочни платни налози;
Закон за угостителска дејност извршени се 286 надзори и издадени се 33 прекршочни платни налози;
Закон за заштита на потрошувачите извршени се 156 надзори и нема издадено прекршочни платни налози;
Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност извршени се 41 надзор и издадени се 6 прекршочни платни налози;
Закон за заштита од пушењето извршени се 340 надзори и издадени се 52 прекршочни платни налози;
Закон за финансиска дисциплина извршени се 782 надзори и издадени се 260 прекршочни.

Затворени се два објекта, еден по Закон за угостителска дејност и еден по Закон за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност.

Државниот пазарен инспекторати понатаму на терен, постапува во согласност со своите надлежности, врши редовни и вонредни надзори и контроли.

Како институција постапуваме во согласност со законите, а кај оние економски оператори доколку е констатирано прекршување и непочитување на било кој закон за кој како пазарен инспекторат сме надлжени, се санкционира без селективност. Целта не е само да ги казнуваме вршителите на трговска дејност, туку на тој начин да се изврши едукација, преку која нема повторно да ја направат грешката.

Ги охрабруваме граѓаните, доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, веднаш да пријават на 191 или www.dpi.gov.mk

Државниот пазарен инспекторат е на терен! Вршиме мониторинг на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошница“.

Мониторингот на цените се врши во согласност со Законот за заштита на потрошувачите и Законот за трговија, односно се гледаат сегашните цени на производите кои ги содржи листата од „Новогодишната кошница“ заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата „Новогодишна кошница“, трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10% или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Имено, листата на прехранбените производи кои се дел од „Новогодишната кошница“ граѓаните може да ја најдат на веб страната www.mojakosnica.mk.  Станува збор за над 700 производи, понудени од вкупно над 100 компании и производители и дистрибутери. Производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого ‘Помалку трошоци, повеќе за тебе“ како дел од кампањата на Владата која ќе придонесе за значително зголемување на животниот стандард на граѓаните и намалување на трошоците за живот.

Акцијата „Новогодишна кошница“ ќе се спроведува во период од 15 декември заклучно со 15 јануари. Во овој период Пазарниот инспекторат ќе биде со засилени контроли на терен и ќе постапува во согласност со своите надлежности.

Дополнително, граѓаните може да пријават неправилности на бесплатниот телефонски број 191 или на нашата веб страна www.dpi.gov.mk

05092024 Pomalku trosoci poveke za tebe 960x540

 

Државниот пазарен инспекторат и УКИМ – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје, склучија Меморандум за деловна соработка.

Соработката се однесува на користењето на акредитираната Лабораторија за тестирање на мебел и градежна столарија (прозори и врати), која е составен дел на Факултетот.

Имајќи предвид дека е планирано да се зголеми обемот на инспекциските контроли кои се однесуваат на безбедноста на производите во делот за кој е надлежен Инспекторатот,   пазарните инспектори ќе ја користат Лабораторијата за тестирање на мебел врз основа на претходно утврдени годишни планови, но и за вонредни надзори. 

Лабораторијата за тестирање на мебел ќе им биде достапна на инспекторите со што ќе се овозможи детално и брзо тестирање на механичко- физичките особини на мебелот и градежната столарија, а со тоа ќе се обезбедат квалитетни и безбедни производи на пазарот, но и ќе се заштитат крајните корисници, потрошувачите и граѓаните во целост.

2024 12 07 at 15.41.102024 12 07 at 15.41.10 12024 12 07 at 15.41.10 22024 12 07 at 15.41.10 3

Државниот пазарен инспекторат и Бирото за метрологија склучија договор за соработка под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Договорот се однесува за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течните горива, а има за цел да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите, што значи дека контролите на терен од страна на Инспекторатот ќе бидат заострени и со голем интензитет.

Предвидено е да се зголеми обемот на инспекциските контроли кои се однесуваат на анализа на течните горива, а пазарните инспектори ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање врз основа на претходно утврдени годишни планови, но и за вонредни надзори.

„Според планот за 2025 година, кој е составен дел од договорот, ќе се извршат дури 220 анализи на квалитетот на горивата, со што се поставуваат повисоки стандарди за усогласеност со македонските регулативи и стандарди.“ - потенцираше директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

Лабораторијата за тестирање на Бирото за метрологија ќе им биде достапна на инспекторите со што ќе се овозможи детално и брзо тестирање на терен и ќе го гарантира квалитетот на горивата, но и безбедноста на граѓаните.

2

За време на претстојниот викенд, Државниот пазараен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори низ цела територија на Македонија кај трговци и угостители врз основа на повеќе закони во рамки на своите надлежности.

При надзорите ќе се даде посебно внимание на „Black Friday“ – продажните акции, се со цел спречување на доведување во заблуда на потрошувачите и примена на измамнички трговски дејства, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

Дополнително, имајќи го предвид зимскиот период, но и поплаките од граѓаните кои пристигнуваат во континуитет во пазарниот инспекторат за пушење во угостителските објекти, ќе се вршат надзори и по Законот за заштита од пушењето.

Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за заштита од пушењето, Законот за угостителска дејност, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн.

Апелираме до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.

Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk

dpi logo for fb

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)