Вести
Четврток Април 16, 2026

Вести

На територија на цела Република Северна Македонија извршени се над 500 вонредни инспекциски надзори врз основа на Одлуката на Влада за посебни услови на трговија на одделни стоки (Службен весник на РСМ бр. 196/24)  која се однесува на маржа од 10% кај производите наведени во Одлуката и за трговците на мало и за трговците на големо.

Цените на основните прехранбени производи, односно на производите опфатени со Одлуката, се намалени кај повеќето трговци, но затекнати се трговци кои во моментот на надзорот вршеле нивелација на цените, но одредени трговци не ги намалиле цените и не ставиле ознаки пропишани во Одлуката. Дел од правните субјекти се задолжени со доставување на дополнителна документација до пазарниот инспекторат врз основа на која би се утврдила фактичката состојба во целост и затворање на постапката.

Издадени се 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,300,000 денари.

Казнети се големи и средни трговци односно маркети во Скопје (Aрaчиново и Чаир), Битола, Струмица, Валандово, Охрид, Куманово, Гостивар, Струга...

Надзорите се спроведувани со ротирање на тимови од различни одделенија во сите градови во Северна Македонија.

Во согласност со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек.

Денес се контролираат бурекџилниците, помалите маркети и останати трговци на мало. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија.

Напоменавме и во текот на вчерашниот ден, дека толеранција нема да има и трговците имаат обврска да ја почитуваат Одлуката.

Со почит,

Државен пазарен инспекторат

„По донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (Службен весник на РСМ, бр. 196 од 23.09.2024 година) пазарниот инспекторат е задолжен да ги контролира трговците на мало и трговците на големо дали ја почитуваат Одлуката. Трговците имаа доволно време да ги прилагодат цените. Пазарниот инспекторат е на терен низ цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови односно повеќе од 120 инспектори ротирани во различни градови.

Како што сум напоменувал претходно така и сега, напоменувам дека толеранција нема да има. Пазарниот инспекторат постапува по Законот за трговија, каде казните се високи и изнесуваат од 2000 до 10000 евра, а онаму каде што ќе се применуваат нечесни трговски практики ќе се постапува по Законот за заштита на потрошувачите каде ќе има можност и за затворање на објекти.

Одлуката се базира на бруто профитна маржа од 10%, тоа значи, доколку трговецот на мало претходно заработувал 6% маржа од производот, сега нема обврска да ја намали цената, затоа е што во рамки на предвидената маржа од 10%, што е во согласност со Одлуката. Заради тоа некои цени на производите опфатени со Одлуката се исти и не се намалени.

Производите кои се опфатени со Одлуката, мора да бидат јасно обележани и да ја содржат пропишаната ознака „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ за да можат граѓаните да знаат за кои производи станува збор.

Исто така со Одлуката се опфатени и пекарите во согласност со член 3 од Законот за трговија.

Имам нулта толеранција за притисоци и ќе се постапува исклучително според Одлуката и законот ќе важи исто за сите.

Апелирам до трговците да ја почитуваат Одлуката и да не пробуваат на било каков начин да ја заобиколуваат.“ – изјави Горан Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. Весник бр. 183/24) односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Констатирани  се неправилности кај три правни субјекти по однос на Одлуката. Еден трговец на големо, голем правен субјект за што се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 452.000 денари и заради неводење на трговска евиденција во вредност од над 200.000 денари. Казнети се  и два трговци на мало (голем и мал правен субјект).  За големиот правен субјект издадена е глоба во вредност од над 452.000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект изречени се глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105.000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76.000 денари.

Надзорите се прават низ цела територија на Северна Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.

Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и  инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката.

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.

Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр. 183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија.

Со Одлуката се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор и тоа:

- ранци и ташни;

- тетратки, блокови, нотеси, колажи;

- средства за пишување (моливи и пенкала);

- дрвени боици;

- пластелин, теста за моделирање, подлоги;

- фломастери и маркери;

- мрсни боици;

- темперни, акрилни, водени бои и четки;

- линијари и дидактички материјали;

- острилки и гуми за бришење;

- детски ножици;

- футроли, етуи и училишни додатоци;

- лепак;

- шестари, дигитрони, компаси и лупи;

- чаши за прибор и држачи;

- украсни хартија;

- папки и картонски ташни и

- материјали за изработки.

Највисоката трговска (профитна) маржа за наведените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 5 %,

а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 10% и ќе се применува до 20 октомври 2024 година.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од трговците дејствува спротивно од Одлуката е предвиден во Законот за трговија.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуката ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.

Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!

Апелирам да се почитува Одлуката, а исто така ги повикувам граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа е донесена оваа Одлука, да се спречи личното профитерство и злоупотреба на граѓаните.

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.

 Трајковски

Од страна на WEglobal Team Macedonia успешно беше организирана тридневна студиска посета во Љубљана за Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.

Целта на оваа посета е размена на практиките за супервизија и процена на ризик на Законот за Индустриска соптвеност во словенечките институции како што се Финансиската управа на Република Словенија (FURS), Пошта на Република Словенија и адвокатските канцеларии кои што работат на оваа проблематика со акцент на надзорот на индустриска сопственост и заштитата на потрошувачите од фалсификати.

Посетата беше поддржана од проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ финансиран од Европската Унија

IMG 32ad20b8dba1817c0af0fafe84699345 VIMG b9a576ef30d25a4df38bd2a31f976c5f VIMG 93b85147b50191f75dbc89f73ebd7aae VIMG 196f3e8d33f0f4aa259ddec4a3c2f076 VIMG 0d07779a0c724d2ce7fa55d44781c8bd VIMG 2e00de1f336b74e829ffa28a21c8d51e V

Од страна на WEglobal Team Macedonia успешно беше организирана тридневна студиска посета во Будимпешта за Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.

Целта на оваа посета е размена на практиките за супервизија на е-трговија во унгарските институции, со акцент на надзорот на е-трговијата и заштитата на потрошувачите.

Посетата беше поддржана од проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ финансиран од Европската Унија

budapest 1 budapes 2 budapes3 budapest 4

 Трајковски

Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното завршување на одлуките, туку како и до сега, во континуитет, така и денес излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во Република Северна Македонија, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат.

Во изминатиот период, пазарниот инспекторат беше на ниво на својата задача и во интерес на сите засегнати страни, а најмногу во интерес на граѓаните, постапувавме и не дозволивме никој да применува нечесни трговски практики, а со тоа и да не ги почитува антикризните мерки донесени од страна на Владата. Вака ќе продолжиме да постапуваме и во иднина, а секое постапување спротивно од законите кои се во наша надлежност ќе биде казнето.

Апелирам и до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните.

Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн.

Повеќе пати напоменав, а ќе повторам и сега, дека никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран, а во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти  за вршење дејност на определен временски период.

Потрошувачот може да бара замена на потрошувачката стока во случај кога потрошувачката стока е веќе поправана три пати во текот на гарантниот рок, независно од причината за поправање, како и во случај кога потрошувачката стока е веќе поправана два пати во текот на гарантниот рок од иста причина за поправање.

Пријавете неправилност на 191 или на www.dpi.gov.mk

 

PrijavaOd Over

Odnosi Javnost Over

Oddelenija T

JavniNabavki Over

Javni Info Over

OPRSM Over

ZastitaLicniPodatoci

Resenija Over

Formulari Over

Propisi Over

ListiProverka Over

Oglasi Over

Kodeks

Контакт

Државен пазарен инспекторат

  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје
  ++389 (0)2 3220 547
  ++389 (0)2 3162 341

 

>> ОДДЕЛЕНИЈА НА ДПИ <<

Локација

We use cookies

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dpi.gov.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)