На ден 22.11. 2022 година во просториите на Бирото за метрологија со директорката , Мерита Мустафи потпишавме Меморандум за соработка - Договор за уредување на меѓусебните односи за начинот на користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на мазутот за потребите на Државниот пазарен инспекторат кој е надлежен за контрола на квалитет на овој вид дериват .
Државниот пазарен инспекторат заради спроведување на законски и подзаконски акти врз основа на кои е надлежен да врши инспекциски надзор на квалитетот на течните горива во постапката за вршење на инспекциски надзор, согласно овој договор, ќе ја користи лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот на Бирото за метрологија.
👉Продолжуваме и понатаму во унапредување на работата и ефикасноста на ДПИ.
Во рамките на проектот финанисран од ЕУ “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, во Август 2022 година во Скопје, се одржаа две работилници, на која учествуваа вработените од сите одделенија на Инспекторатот.
Предавач на работилниците беше експертот од Словенија Андрејка Грлич, којашто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот, заштита на потрошувачите и проценка на ризик при истиот.
Целта на овие работилници е пренос на искуства и добри практики засновани на компетентност за проценка на ризик од земјите на ЕУ.
Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.
Во Јули 2022 година во Скопје, се одржа работилница, во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, на која учествуваа инспектори од сите одделенија на Инспекторатот.
Предавач на работилниците беше господин Марк Гардинер, експерт од Англија, којшто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот и проценка на ризик при истиот.
Целта на оваа работилница е претставување на функционалната анализа на ДПИ, односно препораките за промени на истата. Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.
Во рамките на проектот “Зајакнување на внатрешниот пазар”, кој се спроведува во Министерството за економија, а чија четврта компонента е поврзана со работата на ДПИ, во Јуни 2022 година во градовите Скопје, Охрид и Штип се одржаа работилници, на која учествуваа вработените од сите одделенија на Инспекторатот.
Предавач на работилниците беше господин Вирџинис Јусус, експерт од Литванија којшто има долгогодишно искуство во областа на надзор на пазарот и проценка на ризик при истиот.
Целта на овие работилници е претставување на методологија за надзор на Државниот пазарен инспекторат која се заснова на процена на ризикот, како и обука на пазарните инспектори за соодветната методологија. Оваа работилница придонесе за развивање и унапредување на досегашното знаење на Инспекторатот.
На 20.05.2022 година, Вицепремиерката оствари средба со Директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска, на која од страна на Директорката беа презентирани активностите кои ДПИ ги извршува согласно надлежностите кои ги има, а беа образложени и потребите кои ги има Државниот пазарен инспекторат со цел подобрување на квалитетот на работењето на институцијата.
Проблемот кој се наметна околу испитувањето на квалитетот на мазутот и начинот предвиден со важечките закони ја наметна потребата да мобилната лабараторија со која располага Бирото за метрологија, а која е акредитирана за испитување на квалитет на нафта и нафтени деривати поконкретно бензин и дизел гориво , да ја набави соодветната опрема и да се акредитира и за контрола за квалитетот на мазутот .
“Денес навистина ми претставува задоволство што еве за краток период соодветната опрема е веќе набавена и дека после постапката на акредитација ние како надлежен орган за контрола на квалитетот на нафтата и нафтените деривати ќе може да ја користиме за наши потреби а тоа секако ќе резултира со поефикасно и поекономично работење на Државниот пазарен инспекторат. Ова секако посебно ќе ни овозможи да проблемот што го имаме сега за користење на акредитирана лабараторија за суперанализа доколку се појави потреба за нас ќе биде целосно надминат , што ни беше и голема пречка за соодветно и законски да ја реализираме јавната набавка за ангажирање на лабаратории за испитување на квалитетот на мазутот.
Уште еднаш сакам да го изразам моето задоволство од денешното промовирање на лабараторија за анализа на мазут согласно Правилникот за квалитет на течни горива и вредности на параметрите согласно стандардот МКС Б.Х2.430 за квалитет на мазутот и воедно да нагласам дека ова ќе значи воспоставување на систем за контрола на квалитетот на течните горива кој ќе овозможи континуирана контрола каде бирократските процедури и секако трошоци ќе бидат намалени , а граѓаните ќе можат да бидат сигурни во квалитетот на производите во овој случај мазутот . Благодарност на Министерот за економија и на Владата што секако ги зеде во предвид сите укажувања ја согледа реалната потреба и еве денес сме сведоци на реализација на конкретни активности. Очекувам многу брзо по добивањето на акредитацијата да го прошириме мемурандумот за сорбаботка со Бирото за метрологија и покрај анализата и земањето на примероци за бензинот и дизелот ќе ни бидат овозможени и услуги во земање на примероци и анализа на мазут. Ова за нас како ДПИ ќе значи намалување на трошоците за анализа кои ги имаме кон други акридитирани лабаратории и создавање услови овие средства да се искористат за зголемување на капацитетите и подобрување на условите за работа на ДПИ , за да бидеме уште поефикасни. “ Истакана Директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска
Интензитетот на онлајн купување од страна на македонските граѓани е во постојан пораст. Е-купувањето особено дојде до израз во текот на изминатата 2020 година кога поради пандемијата голем дел од бизнисите започнаа да се преориентираат онлајн. Напоредно со тоа, и граѓаните масовно започнаа да практикуваат да купуваат онлајн.
Сето ова придонесе за отворање на можност за физички и правни лица, најчесто користејќи ги социјалните медиуми како канали за продажба, да може да “продаваат“ онлајн без притоа целосно да ги запазуваат законските обврски, а со самото тоа да бидат класифицирани во делот на сивата економија. За ова разговараме со В.Д. директорката на Државен пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.
Анета Симеска Димоска: Во текот на 2020 година кога и е-купувањето посебно доби на интензитет, до Државниот пазарен инспекторат пристигнати се 76 пријави од граѓани само по електронски пат, а додека оваа година бројката само до крајот на месец ноември изнесува над 140 само по електронски пат. Овде ќе напоменам дека пријави од граѓани за онлајн трговија пристигаат и во другите одделенија на ДПИ низ државата кои се дополнително од оваа бројка. Ова покажува дека се повеќе граѓани пријавуваат неправилности по однос на онлајн купувањето.
Државен пазарен инспекторат
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | ||
ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје | ||
++389 (0)2 3220 547 | ||
++389 (0)2 3162 341 |