Завршната конференција на проектот „Заеднички акции за надзор на пазарот“ се одржа на 24 и 25 јуни во Белград, Р. Србија. Kонференцијата претставуваше сублимат на 9-месечните активности спроведени во рамките на регионалниот проект со фокус на заеднички избор на производот, земањето примероци, тестирање и проценка на ризикот.
Во проектот учествуваа инспекциските органи на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Овие активности се дел од „Регионалниот проект за надзор на пазарот“ кој во овој момент се имплементира во рамките на Отворениот регионален фонд за промоција на трговијата. Проектот го имплементира ГИЗ (Deutsche Gesellschaft fuer Internationale Zusammenarbeit), а е финансиран од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија.
Во рамките на регионалниот проект „Унапредување на координацијата и соработката на институциите за надзор на пазарот на земјите од југоисточна Европа“ имплементиран од ГИЗ и финансиран од Министерството за економски развој и соработка на Германија, представници на органите за надзор на пазарот од југоисточна Европа учествуваа на 3 – дневна заедничка акција за надзор на пазарот.
Државен пазарен инспекторат
| Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. | ||
| ул. Луј Пастер број.1 спрат 3, 1000 Скопје | ||
| ++389 (0)2 3220 547 | ||
| ++389 (0)2 3162 341 |